свет

Јужноафриканската Република ќе поднесе детално досие до судот на ОН со форензички докази за израелскиот геноцид во Газа

Во извештајот се наведува дека штом ќе се поднесе досието, тужениот (во овој случај, Израел) мора да поднесе контра одговор до 28 јули следната година

Hassan Isilow  | 27.10.2024 - Обновена : 28.10.2024
Јужноафриканската Република ќе поднесе детално досие до судот на ОН со форензички докази за израелскиот геноцид во Газа

ЈОХАНЕСБУРГ (АА) – Јужноафриканската Република утре (понеделник) ќе поднесе детално досие против Израел до Меѓународниот суд на правдата (МСП), со цел потврдување на случајот пред судот дека Израел врши геноцид во Палестина, потврдија денес дипломатски извори за Анадолу.

Дипломатски извор од Јужноафриканската Република, кој побара да остане анонимен, за Анадолу рече дека досието ќе биде поднесено утре.

Јужноафриканскиот министер за надворешни работи, Роналд Ламола, за веб-страницата Дејли Маверик изјави дека досието содржи повеќе докази, со „форензички детали“, за да се покаже дека „ова не е само веројатен случај на геноцид, туку навистина е геноцид“.

Во извештајот се наведува дека штом ќе се поднесе досието, тужениот (во овој случај, Израел) мора да поднесе контра одговор до 28 јули следната година.

Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел за геноцид до судот со седиште во Хаг кон крајот на минатата година, нагласувајќи дека Израел, кој ја бомбардира Газа од октомври минатата година, не ги исполнил своите обврски според Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Неколку земји, како Туркије, Никарагва, Палестина, Шпанија, Мексико, Либија и Колумбија, се приклучија на тужбата, која започна со јавни расправи во јануари.

Судот во мај му нареди на Израел да ја запре офанзивата врз градот Рафа во јужна Газа. Тоа беше третпат 15-члениот судски совет да издаде прелиминарни наредби со кои се обидува да го намали бројот на убиени и да ја олесни хуманитарната криза во блокираната енклава, каде што бројот на жртви се приближува до 43.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.