Dejan Maksimoviç
25 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
РИМ (AA) – Италијанскиот тренер Карло Анџелоти ја одби понудата да ја води фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија на Светското првенство во Русија во 2018. година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Некогашниот тренер на европскиот великан Парис Сен-Жермен, Челзи, Реал Мадрид, Баерн, Јувентус и Милан, според наводите на италијанските медиуми и главен кандидат за наследник на Едгард Бауза кој неодамна доби отказ. Меѓутоа, и покрај богатата парична понуда Анџелоти не е премногу за интересиран за водење на репрезентацијата на Саудиска Арабија. Исто така, прославениот тренер на чекање ја стави идејата да ја презеде репрезентацијата на својата татковина, се додека не биде избран нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија.
Репрезентацијата на Саудиска арабија преку квалификации прв пат по 12 години на Светско првенство успеа да ја однесе Берт ван Марвијк. Но, поради недоразбирање со раководството на Сојузот одлучи да ја напушти позицијата на селектор. Потоа е ангажиран Бауза кој сензационално добри отказ, по само два месеци. Аргентинецот беше селектор во пет пријателски натпревари кои ги одиграа Саудијците.