Hasan Esen
26 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
МАДРИД (АА) - Во второто коло на шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига), Барселона на гостински терен го совлада својот противник Реал Ваљадолид со резултат 1 : 0, јавува Anadolu Agency (AA).
Реал Ваљадолид на својот стадион „Хосе Сориља“ беше домаќин на натпреварот со Барселона.
Првото полувреме заврши без голови, додека во 57. минута во второто полувреме Усман Дембеле постигна погодок, со што Барселона го победи својот противник со резултат 1 : 0.
Моментално Барселона има 6, додека Реал Ваљадолид еден бод во табелата.