Şenhan Bolelli
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
МАДРИД (АА) – Во Шпанија, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 164 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 25.428, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше бројките за Ковид-19 во земјата.
Според податоците, вчерашната бројка од 164 смртни случаи во текот на 24 часа, која беше најмала евидентирана од 18 март, се повтори. Во последните 24 часа од вирусот починаа 164 лица.
Во Шпанија досега најголем број починати во едно деноноќие беше регистриран на 2 април, кога починаа 950 лица.
Во последните 5 дена во Шпанија бројката на починати е под 300.
Вкупната бројка на починати во земјата од коронавирусот се искачи на 25.428.
Шпанското Министерство за здравство информираше дека според изработените ПСР-тестови, во последните 24 часа новиот тип коронавирус е детектиран кај 545 лица, со што вкупниот број на лица позитивни на тестот на Ковид-19 изнесува 218.011.
Од друга страна, во последните 24 часа регистрирани се 2.441 излекувани лица, кај кои е детектиран Ковид-19. Вкупниот број на пациенти излекувани од новиот тип коронавирус е 121.343.
- Во Шпанија започна постепен процес на нормализација -
Во меѓувреме, со одлука на Владата, денес во Шпанија започна постепен процес на нормализација. Во земјата вонредната состојба беше воведена на 14 март, како дел од мерките во борбата против Ковид-19.
Во рамките на првиот чекор наречен „0-ниво“ дозволено е рестораните и малите бизниси да работат со пола работно време. Инаку процесот на нормализација ќе се одвива во 4 фази.
Се гледа дека повеќето ресторани на кои им е дозволено да почнат да работа се претпазливи и сè уште остануваат затворени.
Помеѓу малите бизниси, во најголем дел започнаа со работа берберите и фризерските салони, користејќи маски и ракавици како мерка за заштита од Ковид-19.
Од денес исто така лицата што го користат јавниот превоз задолжително треба да носат маски.