Doga Kirmizioglu
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Долгогодишниот тренер на англискиот клуб Арсенал, Арсен Венгер верува дека Месут Озил ќе остане во тимот до крајот на сезоната, јавува Anadolu Agency (АА)
На конференцијата за медиуми Венгер коментираше за германскиот играч од Турција, Месут Озил, кој сeуште не го обновил договорот со тимот.
„Нашата цел е да го задржиме Озил во тимот. Верувам дека ќе го постигнеме тоа за кратко време“, истакна тој.
Францускиот тренер, кој изјави дека управата работи напорно за да го продолжи договорот на Месут, рече: „Јас никогаш не сум песимист, дури и ако не сум многу оптимист во врска со оваа тема. Што се однесува до Озил и желбата да игра и тој сака да го обнови договорот. Сепак разговорите продолжуваат.“
- Одговор на тврдењата за Санчез
Венгер исто така кометираше за допинг наводите за фудбалерот Алексис Санчез кој беше трансфериран во Манчестер Јунајтед.
Тој нагласи дека постои недоразбирање во случајот на поранешниот фудбалер Санчез, на кој се тврди дека не направил допинг-тест, рече:
„Во понеделникот, кога трансферот на Санчез во Манчестер Јунајтед беше одреден, се направи тест за допинг во нашиот тим. Санчез заедно со менаџерот отиде до Манчестер за документација. Затоа тој ден не успеа да влезе на тест. Ние му дадовме дозвола да оди во Манчестер затоа ја преземеме одговорноста. Санчез помина многу допинг тестови без никакви проблеми. Ништо не криеме од јавноста.“