Hüseyin Burak Demirer
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
АНКАРА (АА) – Дебитантскиот дрес на легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа, на аукцијата најде купувач за 2,73 милиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението споделено на веб-страницата на аукциската куќа „SCP Auctions“, дресот на Брајант, кој го носеше во сезоната 1996-1997 година, кога дебитираше во НБА, вклучително и два плејоф натпревари, бил ставен на аукција.
Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година на 41-годишна возраст, освои 5 НБА-шампионати со Лејкерс, 18 пати беше избран за олстар и ја доби наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во 2008 година и финалната серија во 2009 и 2010 година.