Dejan Maksimoviç
08 Ноември 2018•Ажурирај: 09 Ноември 2018
ЦИРИХ (АА) - Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), како што истакнуваат британските медиуми, нагласил дека на сите играчи кои ќе играат во евентуалната Супер лига ќе им биде забрането да играат во сите меѓународни натпреварувања, вклучувајќи го и Светското првенство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според пишувањето на некои германски медиуми, одредени богати европски клубови одржале неколку тајни состаноци на кои е договорено да формираат свое сопствено натпреварување - Супер лига - од 2021 година. Истиот извор наведе дека клубовите се подготвени да ги напуштат националните лиги и сојузи.
„Должноста на ФИФА е да го заштити фудбалот. Нашиот план за проширување на Светското клупско првенство е одговор на секој обид за одвојување од националните лиги, бидејќи би овозможил многу повисоки приходи за клубовите и многу поголеми приходи за Фондот за солидарност“, рече Инфантино, пренесуваат британските медиуми.
„Долга низа години бевме сведоци на слични обиди да излеземе од системот и да се вратиме во деведесеттите години на минатиот век. Или сте тука или сте надвор. Ако имаме играчи кои не играат организиран фудбал, тогаш тоа се однесува на сите, на националните лиги, на континенталните натпревари, на Светското првенство. Наша задача е да го заштитиме фудбалот и да пронајдеме решенија кои ќе бидат корисни за клубовите, но и за светската фудбалска заедница.“