спорт

Карлос Саинц триумфираше на трката за ГН на Мексико во Формула 1

- Карлос Саинц, шпанскиот возач кој настапува за тимот на Ферари, победи на Големата награда на Мексико, 20-та трка оваа сезона на Светскиот шампионат во Формула 1.

Fatih Erel  | 28.10.2024 - Обновена : 29.10.2024
Карлос Саинц триумфираше на трката за ГН на Мексико во Формула 1 Фото: Даниел Карденас

ИСТАНБУЛ (АА)

На трката во Формула 1 што се одржа на патеката „Херманос Родригез“ долга 4.304 метри во главниот град Мексико, се возеа 71 круг, известува Анадолу.

Победник на трката за Големата награда на Мексико е Шпанецот Карлос Саинц кој настапува за тимот на Ферари. Второто место го освои Британецот Ландо Норис, додека трет е Шарл Леклер од Монако.

На овогодинешниот шампионат во Формула 1 Макс Верстапен успеа да победи 7 пати, по три победи имаат Ландо Норис и Шарл Леклер, двапати победија Луис Хамилтон, Карлос Саинц и Оскар Пјастри и една победа извојува Џорџ Расел.

На 3 ноември ќе се вози трката за Големата награда на Бразил, 21-та трка оваа сезона.


Бодовна листа на првите 5 места во пласманот за возачи и тимови во Формула 1 по Големата награда на Мексико:


Возачи:

1. Макс Верстапен (Холандија) 362

2. Ландо Норис (Велика Британија) 315

3. Шарл Леклер (Монако) 291

4. Оскар Пјастри (Австралија) 251

5. Карлос Саинц (Шпанија) 240.


Тимови:

1. Мекларен 566

2. Ферари 537

3. Ред Бул 512

4. Мерцедес 366

5. Астон Мартин 86.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın