Muhammed Enes Çallı
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
АНКАРА
Фудбалерите на Реал Мадрид, тренерите и некои директори од клубот се согласија на намалување на платите поради негативното финансиско влијание од пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Спортските клубови низ светот се соочуваат со последиците од појавата, бидејќи фудбалските лиги и големите турнири остануваат суспендирани или откажани.
„Фудбалерите и тренерите на фудбалските и кошаркарските први тимови на Реал Мадрид, предводени од нивните капитени, заедно со главните директори на различните оддели на клубот се договорија доброволно да го намалат својот надоместок за оваа година за меѓу 10 и 20 отсто, во зависност од околностите што можат да влијаат на затворањето на тековната спортска сезона 2019/20“, сооопшти шпанскиот клуб.
Од клубот се додава дека тие одлучиле да спречат работниците во клубот да страдаат финансиски поради пандемиската криза.
„Оваа одлука, донесена од играчите, тренерите и вработените, избегнува трауматски мерки што влијаат врз останатите работници, и придонесува за економските цели на ентитетот со оглед на намалувањето на приходите што се случува овие месеци како резултат на прекинувањето на натпреварите и парализата на голем дел од трговските активности.“
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот.
Во светот се регистрирани над 1,5 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е повеќе од 88.500. Речиси 330.000 пациенти се излекувани.