Dejan Maksimovic
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
РИМ (АА) - Диего Пероти по повеќедневните преговори е близу до преминувањето од Рома во Фенербахче, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според „Скај спорт Италија“ („Sky Sport Italia“) и „Ла гацета дело спорт“ („La Gazzetta dello Sport“), на 32-годишниот крилен фудбалер Рома ќе му дозволи да замине без надомест за трансферот. Во замена за тоа, Фенербахче ќе ја покрие целата негова плата предвидена со договорот што истекува во јуни 2021 година.
Пероти во Рома дојде во 2016 година од Џенова. Во текот на кариерата играше за Депортиво Морон, Севиља и Бока јуниорс. За римската „волчица“ одигра 138 натпреварувачки меча и постигна 32 гола. Во дресот на репрезентацијата на Аргентина настапи петпати.