Doğa Kırmızıoğlu
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Тренерот на фудбалскиот клуб „Ливерпул“, Јирген Клоп, истакна дека ако станат шампиони, прославите со навивачите ќе ги одржат во 2021 година, доколку не можат оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за германски „Скај“ за тоа како ќе слават доколку ја освојат шампионската титула, рече: „Можеби нема да има прослави од нашите соништа. Целосно сум свесен за тоа. Не би било убаво да се забавуваме сами на стадион, потоа со автомобилите да си одиме дома. Но постои начин да се смени таа ситуација.“
Германскиот тренер најави дека ќе организираат прекрасни прослави за шампионската титула и додаде: „Ќе дојде ден сѐ ќе се врати во нормала. Можеби некој ќе ја открие вакцината и епидемијата ќе заврши. Можеби стапката на зараза ќе се намали на нула. Тој ден секако ќе дојде. Ете тогаш ќе направиме прослава како што сакаме. Тоа може да биде оваа сезона или следната сезона. И да е идната година, ние ќе излеземе на улиците и ќе ја прославиме шампионската титула.“
Ливерпул е лидер на табелата со 82 бода. Во првиот натпревар, по паузата поради епидемијата од коронавирусот, Ливерпул ќе игра со Евертон, на гостински терен. Ако Ливерпул во останатите натпревари оствари уште две победи, ќе му биде загарантирана шампионската титула.