Associated Press
02 Септември 2023•Ажурирај: 04 Септември 2023
РИМ (АА) – Кога Лучијано Спалети имал 11 години ја замолил мајка си да му сошие големо италијанско знаме за да ја прослават победата на „азурите“ над Западна Германија со резултат 4:3 во полуфиналето на Светското првенство во 1970 година. Тоа беше средба која оттогаш е означена за натпревар на векот, пренесува Анадолу.
„Сега тоа знаме ќе го носам со себе на клупата на репрезентацијата. Тоа е навистина неопислива емоција“, изјави денес 64-годишниот Спалети на претставувањето како нов селектор на Италија.
Спалети, кој минатата сезона го донесе Наполи до титулата шампион на Италија, на клупата на „азурите“ ќе го наследи Роберто Манчини, кој минатиот месец поднесе оставка од селекторското место. Манчини потоа ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија.