Associated Press
07 Ноември 2022•Ажурирај: 09 Ноември 2022
МАНЧЕСТЕР (АА) - Актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, забележа рекордни приходи за сезоната 2021/22, а клучот за нивниот финансиски успех, како што наведуваат, лежи во „убавиот фудбал“ што го играат под тренерската палка на Пеп Гвардиола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Приходите од 613 милиони фунти за фискалната 2021/22 година ја надминаа бројката од речиси 570 милиони фунти остварени во годината претходно.
Извршниот директор на Сити, Феран Соријано, му ги припиша заслугите за финансискиот успех на клубот на менаџерот Пеп Гвардиола.
„Нашиот силен успех е резултат на голем број фактори, но на крајот е воден од прекрасниот фудбал што го играме и со континуираниот раст на навивачите што тој ги генерира: повеќе навивачи, повеќе публика, повеќе луѓе на стадионот и повеќе партнери кои сакаат да бидат комерцијално поврзани со Манчестер Сити“, рече Соријано.
Откако го купи кралското семејство од Абу Даби во 2008 година, Манчестер Сити стана еден од финансиски најмоќните клубови во светот на фудбалот.
Англискиот првак освои 14 големи трофеи и во своите редови донесе некои од најголемите спортски имиња.