Mücahit Hüseyin Eroğul
06 Ноември 2022•Ажурирај: 09 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Роберт Кипкембои од Кенија и Сечале Даласа од Етиопија се победници на денешниот 44. Истанбулски маратон, известува Агенција Анадолија (АА).
Маратонот познат како „единствен интерконтинентален маратон во светот“ се одржа по 44. пат.

Кенискиот атлетичар Роберт Кипкембои мина прв низ целта со време од 2 часа, 10 минути и 18 секунди на патеката долга 42 километри и 195 метри. Стартот на трката беше на 250 метри зад „Мостот на шехидите од 15 јули“ на азиската страна на Босфорот, а заврши на плоштадот „Султан Ахмет“.
Мариус Кимутаи од Бахреин е второпласиран со време од 2 часа, 10 минути и 27 секунди, додека Кениецот Сила Кипто е трет со време од 2 часа, 11 минути и 42 секунди.

Етиопската атлетичарка Сечале Даласа го освои првото место во женска категорија со време од 2 часа, 25 минути и 54 секунди.
Второто и третото место исто така им припаднаа на атлетичарките од Етиопија. Второпласирана е Мелесеч Цегаје со време од 2 часа, 29 минути и 1 секунда, додека третопласирана е Етлемах Синтаје.

На 44. Интерконтинентален маратон учествуваа 56 елитни тркачи, а победниците во машка и женска конкуренција освоија награди од по 20.000 долари. Освојувачите на вторите места се наградени со по 10.000, додека третопласираните добија по 6.000 долари.
Истанбулскиот маратон, единствениот интерконтинентален маратон на светот, се одржа во три категории: на 42 километри и 195 метри, на 15 километри и на 8 километри.
