Zülfiya Yakup
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
ПРИШТИНА (АА) - Најдобрата светска и косовска џудистка Мајлинда Келменди, ја доби наградата „Најдобра џудистка на денешницата“ од страна на Меѓународната џудо федерација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Келменди е прогласенa за најдобрa џудистка во сите категории, не само во својата категорија до 52 килограми. На олимписката шампионка наградата ѝ беше врачена вчера, на свечената церемонија по повод 65-годишнината од формирањето на Меѓународната џудо федерација, која се одржа во Будимпешта, главниот град на Унгарија, ден пред почетокот на Светското првенство во џудо.
Мајлинда Келменди досега има освоено еден златен олимписки медал, двапати беше светска шампионка и трипати европска.