Adis Karadza,Gorana Jakovljevic
11 Август 2024•Ажурирај: 12 Август 2024
ПАРИЗ (АА) - Кошаркарите на Соединетите Американски Држави (САД) го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз совладувајќи ја домашната селекција на Франција со резултат 98:87, јавува Анадолу.
Кошаркарската репрезентација на САД ги сруши соништата на домаќинот, репрезентацијата на Франција, за освојување на олимпиското злато. Во одличен и неизвесен меч до крајот Американците ја потврдија светската доминација во спортот кој го измислија.
Првата четвртина Американците ја добија со резултат 20:15. А втората четвртина ја доби селекцијата на САД со три поени разлика 29:26. Французите беа подобри во третата четвртина која ја добија со резултат 25:23.
Последната четвртина донесе големи возбудувања и неизвесна завршница. Во последните моменти од играта, Стивен Кари погоди четири последователни тројки со што го реши победникот.
Домашниот центар Виктор Вембањама беше најефикасен играч на натпреварот со 26 поени. Кари со два поена помалку беше најдобар кај победниците.
Бронзениот медал денеска го освои селекцијата на Србија со победата над Германија со резултат 93:83.