САРАЕВО (AA) - Бакир Тиро -
Во шест шампионати на државите од Западен Балкан денес настапуваат 473 фудбалери, така наречени "интернационалци", од кои 110 со странски пасоши заработуваат пари во Премиер лигата во Босна и Херцеговина, а најмалку "дојденци" има во Макеоднија.
- Најмалку "дојденци" во Македонија -
На овдешните простори најмалку така наречени "дојденци" има во Првата лига на Македонија. Во 10 клубови (вкупно 239 регистрирани играчи) играат 38 странци (15,9 отсто). Србите се најбројни и во Македонија (10) каде настапуваат фудбалери од уште 15 земји: Бразил и Хрватска четири, Црна Гора три, Албанија, Ерменија, БиХ, Португал и Косово двајца, Бугарија, Германија, Франција, Колумбија, Нигерија, Турција и Украина по еден.
Од 406 регистрирани играчи во 16 клубови од Премиер лигата на БиХ 27,1 отсто на хартија се странци од 14 земји. Најбројни се фудбалерите со пасошите на Србија кои во тимовите на најдобрата босанска лига ги има 53. Следуваат играчите со хрватските државјанства (31). По пет Бразилци и Црногорци, по три Македонци и Словенци, по двајца со пасоши на Шведска и Швајцарија, како и фудбалери и со државјанствата на Австралија, Брегот на Слоновата Коска, Луксембург, Нигерија, како и Сирија, моментално ираат во ПЛ БиХ, покажа истражувањето на Anadolu Agency (AA).
- Во Србија нема Хрвати, во Хрватска највеќе Босанци-
Супер лигата на Србија ја сочинуваат 16 клубови во кои играат 453 фудбалери, од што 80 странци или 17,7 отсто регистрирани играчи. Доаѓаат од 23 земји (Црна Гора 21 играч, БиХ 11, Бразил и Макеоднија осум, Гана пет, Бугарија и Нигерија по три, Аргентина, Камерун, Брегот на Слоновата Коска по двајца, како и по еден од Антигва и Барбуда, Австралија, Еквадор, Франција, Казахстан, Киргистан, Португал, Сиера Леоне, Суринам, Узбекистан и Кипар).
Интересно, во српското првенство сега нема ниту еден интернационалец од соседна Хрватска.
Во Хрватската фудбалска лига најбројни странци се Босанците и Херцеговците. Од вкупно 79 играчи "од страна", државјани на БиХ има 19 проценти, или 15 фудбалери. Во ХНЛ игра вкупно 270 професионалци, а странци од 28 земји (29,3 отсто од вкупниот број на играчи). Пред нив 15 се од БиХ, за бодови се борат седум од Албанија, шест Словенци, по пет Македонци и Срби. Аргентина, Бразил и Португал имаат по четири фудбалери во хрватската елита. Австралија и Црна Гора по три, Чиле, Панама, Нигерија, Романија, Украина по двајца, како и по еден од Алжир, Белорусија, Белгија, Камерун,Данска, Германија, Франција, Јужна Кореја, Австрија, Швајцарија, Сиера Леоне, Шпанија и Венецуела.
- Првата лига на Црна Гоа има 53 странски играчи
Првата лига на Црна Гора во 12 екипи ја чинат 326 фудбалери. Странци се 53 играчи или 16,3 отсто од играчкиот кадар. Од 12 земји се од кои највеќе со државјанство на Србија - 31 играч, или 58,5 отсто о вкупниот број "интернационалци". БиХ има шест фудбалери во црногорското првенство, Јапонија, Јужна Кореја и Украина двајца. Во намјалата членка на ФИФА и УЕФА од просторите на нашиот регион настапуваат уште и Бразилец, Камерунец, Французин, Ганец, Латвиец, Македонец и Нигерец.
Првата лига на Словенија преплавена е со играчите кои поседуваат пасоши од другите земји.. Од 257 фудбалери во 10 клубови речиси пола во лигата се странци- 113 (44 отсто). Кариери во Словенија градат државјани од 24 земји: Хрватска 48 (42,5 отсто од вкупниот број на странци) , од Србија 10, БиХ осум, Нигерија седум, Албанија, Бразил и Франција четири, Шпанија и Украина три, Израел, Македонија, Португал, Словачка и Црна Гора по двајца,Екваторијална Гвинеја, Азербејџан, Германија, Еквадор, Гана, Италија, Мали, Австрија, Швајцарија, Сенегал, Сиера Леоне и Палестина еден, пишува Anadolu Agency.
- Специфичности-
Сходно со правилниците на националните сојузи на државите настанати по распадот на СФРЈ сите играчи со странски пасоши се евидентираат како класични странци.
На пример, во членките на Европската унија (ЕУ), Хрватска и Словенија, фудбалерите од другите членки на ЕУ не се третираат како странци, што го пропишува Правилникот на УЕФА. Во БиХ, специфично, бројни фудбалери родени во оваа земја поседуваат и туѓи државјанства, па некои од нив не можат да се наречат аутохтони професионалци од странство. Слично е и со одредени фудбалери во Црна Гора со српско државјанство, како и во Србија со црногорско или во Хрватска со Бих ...