Hüseyin Burak Demirer
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
АНКАРА (АА) - ХУСЕИН БУРАК ДЕМИРЕР -
На Светското фубалско првенство во Русија, по петти пат, по 1934, 1966, 1982 и 2006 година, во полуфиналето пласман остварија само европски репрезентации, пишува Anadolu Agency (AA).
На Светското првенство Русија 2018, по четвртфиналните средби, турнирот наликува на Европското првенство.
Репрезентацијата на Франција, која го совлада Уругвај со 2:0, стана првиот полуфиналист. Франција по 6. пат учествува во полуфинале. Германија има 13, Бразил 11, а Италија 8 полуфиналиња во досегашната историја на светските фудбалски првенства.
Бразил, кој беше еден од фаворитите на турнирот, се збогува од полуфиналето по поразот со 2:1 од Белгија, која 24 натпревари е без пораз. Ова е прв пласман на Белгија во полуфиналето на завршницата на светските првенства, по 1986 година.
И Англија по долг период успеа да се пласира во полуфинале на СП во фудбал. По победата од 2:0 над Шведска, Англија по третпат ќе биде дел од полуфиналистите. Претходно, тоа ѝ успеа во 1966 и 1990 година.
Хрватска го има своето петто учество на светските фудбалски првенства. Оваа репрезентација по вторпат успеа да се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации, по победата над Русија. Во регуларниот дел од натпреварот, средбата заврши со 1:1. Во продолжението двапати по 15 минути, и двете репрезентации успеаја да постигнат по еден погодок, со што по 120 минути игра натпреварот заврши со 2:2. По изведувањето на ударите од белата точка, репрезентацијата на Хрватска победи со резултат 4:3.
- По петти пат на 21. Светско фудбалско првенство -
По овие резултати, на 21. Светско фубалско првенство во Русија, по петти пат, по 1934, 1966, 1982 и 2006 година, во полуфиналето пласман остварија само европски репрезентации. Интересен е фактот дека до ваков резултат дошло на 5 светски првенства кои се организирале во Европа.
Ваквиот епилот ѝ овозможи на Европа, која на досега одиграните првенства има освоено 11 шампионски титули наспроти 9 на земјите од Јужна Америка, да го зголеми бројот на титули на 12.
Табела на пласман на репрезентации на досегашните светски фудбалски првенства кои се играле во Европа и на кои меѓу најдобрите четири репрезентации во светот останале само оние од Европа:
| Година | Домаќин | Шампион | Финалист | 3. место | 4. место |
| 1934 | Италија | Италија | Чехословачка | Германија | Австрија |
| 1966 | Англија | Англија | Западна Германија | Португалија | Советски Сојуз |
| 1982 | Шпанија | Италија | Западна Германија | Полска | Франција |
| 2006 | Германија | Италија | Франција | Германија | Португалија |
| 2018 | Русија | Полуфиналисти |
| Франција | Белгија | Хрватска | Англија |