Kemal Zorlak
08 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
СОЧИ (АА) - По подоброто изведување пенали, репрезентацијата на Хрватска избори пласман во полуфиналето од Мундијалот совладувајќи го во четвртфиналето домаќинот на првенството Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Регуларните 90 минути завршија со резултати 1:1, а потоа беа одиграни продолженија во кои двете екипи постигнаа по еден погодок.
Во првите половина час од играта, на Олимпискиот стадион Фишт во Сочи, немаше конкретни шанси ниту од една страна. Во редовите на хрватската репрезентација на почетокот се истакнуваше Анте Ребиќ кој во неколку наврати шутираше кон голот на голманот на Русија, Игор Акинфеев.
Послаб темпо го следеше натпреварот се до 31 минута, а потоа дојде до одредена динамика во играта. Денис Чершев одлично шутираше надвор од казнениот простор и го совлада голманот на Хрватска Даниел Субашиќ, упатувајќи ја топката во левиот горен агол од неговиот гол.
Хрватите возвратија само осум минути подоцна. Се играше 39 минута од натпреварот кога Марио Манџукиќ помина по левата страна, ја нафрли топката кон средината, а Андреј Крамариќ успеа да постигне гол со глава за да 1:1 биде конечниот резултат од првото полувреме.
Иако имаше шанси на двете страни, немаше промена на резултатот до 90 минута, и регуларниот дел од натпреварот заврши со 1:1.
Славење на хрватските навивачи им донесе Домагој Вида, кој на нафрлена топка од корнер, погоди со глада од 11 метри.
Русите не мораа долго да чекаат за да го израмнат резултатот. Марио Фернандес во 115 минута на нафрлување на Алан Џагоев со глава, го совлада Субашиќ. Резултатот по двата продолжетоци беше 2:2, а потоа следуваа пенали.
Хрватска беше подобра во изведување на пенали и резултатот беше 4:3.
Првиот полуфинален натпревар помеѓу Франција и Белгија ќе се одржи на 10 јули, а ден покасно борбата за финале ќе ја водат Англија и Хрватска.