Hüseyin Burak Demirer
19 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Вчера, на петтиот ден од Светското првенство во фудбал Русија 2018, се одиграа три натпревари, пишува Anadolu Agency (AA).
Во групата Ф се сретнаа репрезентациите на Шведска и Јужна Кореја. Со користење на технологијата ВАР (видеопомошник-судија), беше досуден удар од 11 метри за репрезентацијата на Шведска. Капитенот на шведската репрезентација, Андреас Гранквист, ударот од 11 метри го претвори во погодок и ѝ донесе победа на Шведска од 1:0.
Репрезентацијата на Белгија, која на овогодинешното светско првенство го носи епитетот „скриен фаворит“, во рамките на групата Г ја совлада Панама со резултат 3:0. Погодоците за репрезентацијата на Белгија ги постигнаа Дрес Мертенс и Ромелу Лукаку (2).

Во групата Г се сретнаа репрезентациите на Англија и Тунис. По водството на Англија од 1:0 со погодокот на Хери Кејн, Тунис изедначи на 1:1 со погодокот што Ферџани Саси го постигна со удар од 11 метри, резултат со кој заврши првото полувреме. Во периодот на надополнување на загубеното време, во 90+1 минута, голгетерот на Англија успеа да постигне погодок за конечни 2:1 и ѝ донесе победа на англиската репрезентација.
- Денеска на програмата -
Во шестиот ден од Светското фудбалско првенство Русија 2018, на програмата се следните натпревари:
Група Х:
14:00 Колумбија - Јапонија (стадион „Мордовија“ - Саранск)
17:00 Полска - Сенегал (стадион „Спартак“ - Москва)
Група А:
20:00 Русија - Египет (стадион „Санкт Петербург“ - Санкт Петербург)
