Hilmi Sever
11 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Во полуфиналето на Светското фудбалско првенство Русија 2018, Франција ја совлада Белгија со резултат 1:0. Франција по третпат во својата фудбалска историја ќе игра во финале, пишува Anadolu Agency (AA).
Французите за првпат успеаја да се пласираат во финалето на едно светско првенство во 1998 година, како домаќини на ова престижно натпреварување.
Својот втор пласман во финалето на светските првенства Франција го имаше 2006 година во Германија. По изведувањето на ударите од 11 метри, Италија стана светски првак.
Противник на Франција во финалето на СП Русија 2018 ќе биде победникот од вториот полуфинален натпревар меѓу репрезентациите на Хрватска и Англија. Финалето е закажано за 15 јули, а натпреварот ќе се одигра на стадионот „Лужинки“ во Москва со почеток во 17:00 часот.
- Натпреварот го следеа претседателот Макрон и кралот на Белгија, Филип -
Натпреварот меѓу Франција и Белгија од трибините го следеа високи државни претставници од двете земји.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, и кралот на Белгија, Филип, го следеа натпреварот во придружба на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
По погодокот што го постигна францускиот репрезентативец Умтити во 51. минута, кралот Филип му честиташе на Макрон.
Полуфиналниот натпревар на стадионот „Санкт Петербург“ го следеа 64.000 гледачи.