Süha Gür
12 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
МОСКВА (АА) - Хрватската фудбалска репрезентација ќе игра во финалето на Светското првенство во Русија против Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватска и Англија во регуларниот тек на полуфиналниот меч, кој се играше на Арената „Лужники“ во Москва, играа нерешено 1:1. Англија поведе со голот на Трипијер веќе во 5. минута, но Хрватска сепак успеа да изедначи во 68. минута со голот на Перишиќ.
Репрезентацијата на Хрватска со голот на Манџукиќ, со асистенција на Першиќ, во 109 минута поведе со 2:1.
Фудбалерите на Хрватска до крјот на второто продолжение успеаја да ја задржат предноста и така да се пласираат во финалето на Мундијалот во Русија.
Хрватска во финалето ќе игра против Франција, додека за третото место ќе се борат Белгија и Англија.
Финалниот меч на Светското првенство во Русија се игра во недела од 17 часот, а натпреварот за третото место во сабота, на 14 јули.