Hüseyin Burak Demirer
29 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
АНКАРА
Денеска се одржа 16. трка од Светскиот шампионат во Формула 1, Големата награда на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Трката за Големата награда на Русија се одржа во рускиот град Сочи. На патеката со должина од 5.848 метри се возеа 53 круга.
По вчерашната трка за пол-позиција, денеска од стартната линија прв тргна возачот на Ферари, Шарл Леклер од Монако, покрај него беше возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон. Од третата позиција стартуваше Германецот Себастијан Фетел, додека четвртата пол-позиција на денешниот старт за Големата награда на Русија ја имаше Холанѓанецот Макс Верштапен.
Уште од самиот старт Фетел со својот болид на Ферари успеа да ја преземе лидерската позиција, но по излегувањето од „пит стопот“, во 29. круг неговот овозило се расипа, по што тој беше приморан да се откаже од трката додека се наоѓаше на 4. позиција.
Во периодот додека се отстрануваше возилото на Фетел од пистата, и на патеката се возеше безбедносниот круг предводен од безбедносното возило, возачите на Мерцедес ги сменија своите гуми. Откако се врати на патеката, Луис Хамилтон ја презеде лидерската позиција, а неговиот колега Валтери Ботас се позиционираше како втор, пред Шарл Леклер, возачот на Ферари.
Во преостанатиот дел од трката не дојде до промена во поредокот на патеката, и Хамилтон на крајот стигна до својата 9. победа сезонава, 82. во кариерата.
Како втор трката ја заврши неговиот клупски колега Ботас со заостанување од 3,8 секунди, додека Леклер се најде на третата позиција, со заостанување од 5,2 секунди.
По оваа трка, Хамилтон сега има вкупно 322 бода и со нив ја задржа својата лидерска позиција меѓу возачите во Формула 1. Зад Британецот се наоѓаат Ботас со 249 и Леклер со 215 бода.
На 13 октомври се вози Големата награда на Јапонија, 17. трка сезонава во Формула 1.
Пласман на првите 10 пласирани возачи на Формула 1 на трката за Големата награда на Русија:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Валтери Ботас (Мерцедес)
3. Шарл Леклер (Ферари)
4. Макс Верштапен (Ред Бул Хонда)
5. Александар Албон (Ред Бул Хонда)
6. Карлос Саинс (Мекларен Рено)
7. Серхио Перез (Реисинг Поинт-Мерцедес)
8. Ландо Норис (Мекларен Рено)
9. Ландо Норис (Хас-Ферари)
10. Нико Хилкенберг (Рено)
- Пласман на возачи
1. Луис Хамилтон (В. Британија) 322 бода
2. Валтери Ботас (Финска) 249 бода
3. Шарл Леклер (Монако) 215 бода
4. Макс Верштапен (Холандија) 212 бода
5. Себастијан Фетел (Германија) 194 бода
- Пласман на тимови
1. Мерцедес 571 бод
2. Ферари 409 бода
3. Ред Бул 311 бода
4. Мекларен 101 бод
5. Рено 68 бода