Hüseyin Burak Demirer
14 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
АНКАРА (АА) - ХУСЕЈИН БУРАК ДЕМИРЕР -
Овој викенд на програмата е првата трка од овогодишното Првенство во Формула 1. Најбрзиот спорт на светот започнува со Големата награда на Австралија. Во досегашната историја на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер има освоено најголем број титули во ова натпреварување, пишува Anadolu Agency (AA).
Шумахер, кој доживеа тешка несреќа за време на скијање на француските Алпи, во натпреварувањето на Формула 1, кое се организира од 1950 година досега, има освоено 7 шампионски титули и е најуспешен возач во историјата на ова натпреварување.
По падот за време на скијање на француските Алпи на 29 декември 2013 година, кој предизивика повреда на главата, на Шумахер му е парализиран голем дел од телото. По лекарскиот третман, тој од септември 2014 година живее под лекарски надзор во својот дом во Швајцарија.
На листата на најтрофејни возачи во Формула 1, зад Шумахер со по 5 титули се наоѓаат Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо и Британецот Луис Хамилтон, додека по 4 титули освоија Французинот Алан Прост и Германецот Себастијан Фетел.
- Шумахер има освоено најголем број победи во Формула 1 -
Во текот на својата кариера во трките на Формула 1, Шумахер е најуспешен возач со извојувани 91 победа.
На втората позиција се наоѓа Хамилтон, минатогодишниот шампион во Формула 1 со 73 победи.
Следуваат Фетел со 52 победи, Прост со 51 и Бразилецот Аритон Сена со 41 победа.
- Ферари води во досегашниот екипен успех -
Тимот на Ферари во досегашните натпреварувања освои 16 титули и е најуспешен во екипна конкуренција во Формула 1. Следува Вилијамс со 9 титули, Мекларен со 8, Лотус со 7, Мерцедес со 5 и Ред Бул со 4 шампионски титули.
Мерцедес, кој во последните 5 години е севкупен победник во екипна конкуренција, посакува да го изедначи рекордот со Ферари, кој во периодот 1999 - 2004 има 6 титули.