Dejan Maksimovic
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
РИМ (АА) - Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација (FIFA) соопшти дека претстојниот Светски куп, кој ќе се одржи во 2018 година во Русија, без Италија е трагедија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Азурите“ не се квалификуваа за Мундијалот, првпат по 1958 година. Италија во баражот на европските квалификации за СП беше елиминирана од Шведска.
Инфантино, коментарот за неуспехот на италијанската репрезентација го изнесе додека присуствуваше на церемонијата на доделување награди на Олимпискиот комитет на Италија во Рим.
„Пред да станам директор, бев навивач, и морам да признаам дека Светското првенство без Италија е трагедија. Очигледно е дека постои потреба напорно да работите за да ја вратите Италија таму каде што ѝ е местото, на светскиот врв“, рече Инфантино, кој е од Швајцарија, но има и италијанско државјанство.
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули 2018 година. Титулата светски шампион ќе ја брани репрезентацијата на Германија.