İbrahim Erbay
29 Август 2023•Ажурирај: 31 Август 2023
БУРДУР (АА) - Античкиот град Кибира, кој се наоѓа во подрачјето на Ѓолхисар во турската област Бурдур, создаде прекрасна глетка за време на изгрејсонцето, јавува Анадолу.
Античкиот град Кибира, во турската област Бурдур, нуди прекрасна глетка за време на изгрејсонце. За време на Римската Империја бил познат по гладијаторските борби, а откриен е во 2016 и е ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Овој антички град за време на Римската Империја бил познат по гладијаторските борби.
Во античкиот град се ископани најдолгите гладијаторски фризови во Туркије што датираат од античкиот период.

Големите архитектонски дела од римскиот период, мозаикот Медуза направен од шарени мермери и монументалната фонтана стара 2.000 години заедно со изгрејсонцето создадоа прекрасна глетка, која е снимена со дрон.
Инаку, античкиот град е откриен во 2016 година и е вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Кибира некогаш била планинско одморалиште, а како еден од најважните градови на римската цивилизација е издигнат на надморска височина помеѓу 1.100 и 1.300 метри надморска височина. Изворите тврдат дека на влезот во градот имало стадион кој се сметал за еден од најголемите во древна Анадолија, кој можел да собере околу 10.000 луѓе, и каде што се одржувале епски гладијаторски борби, по кои Кибира ја добила титулата „Град на гладијатори“.