Muhammed Boztepe
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), Сади Ѓувен, во врска со локалните избори во метрополата Истанбул, изјави дека од досега пристигнатите податоци кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Екрем Имамоглу, има освоено 4 милиони 159 илјади и 650 гласа, додека кандидатот на Партијата за правда и развој (AK Parti), Бинали Јилдирим, според системот, досега има освоено 4 милиони 131 илјада и 761 глас, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓувен пред зградата на Врховната изборна комисија на Турција (YSK) одговараше на прашањата на новинарите, информирајќи дека е започнат периодот на жалби за изборните резултати.
Претседателот на Комисијата рече дека до вторник во 15:00 часот по локално време ќе можат да се поднесуваат жалби до градските избирачки одбори, по што тие имаат 2 дена за донесување одлука.
Тој истакна дека е можно поднесување жалби до обласните изборни одбори против градските изборни одбори, додавајќи дека поднесувањето на жалби до обласните изборни одбори ќе трае 1 ден.
Ѓувен рече дека обласните изборни одбори ќе имаат 2 дена за донесување одлука и додаде: „Некои одлуки се донесуваат во обласните одбори, додека против одредени одлуки можно е да се дојде до ЈСК. Периодот за поднесување жалба до Врховната изборна комисија е 3 дена.“
На прашањето на новинарите дали според податоците на Врховната изборна комисија се јасни изборните резултати за метрополата Истанбул, Ѓувен одговори:
„По завршувањето на изборите, постои период на жалби. Досега, според системот на Врховната изборна комисија, за Истанбул од вкупно 31.186 избирачки кутии, процесирани се 31.102 избирачки кутии, додека за 84 кутии сѐ уште трае процесот на процесирање поради периодот на жалби. Продолжува вметнувањето на податоци во системот. Според податоците што досега се вметнати во системот, Екрем Имамоглу има освоено 4 милиони 159 илјади и 650 гласа. Господинот Бинали според системот досега има освоено 4 милиони 131 илјада и 761 глас. Продолжува периодот на жалби. Поради поднесените жалби, гласовите од 84 избирачки кутии не се вметнати во системот на Врховната изборна комисија“.