Zehra Nur Düz
30 Август 2019•Ажурирај: 31 Август 2019
АНКАРА (AA) – Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, упати порака по повод 97-годишнината од Денот на победата, клучната победа на турските сили против грчките, во борбата за независност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Опишувајќи ја победата од 1922 година како израз на волјата за независност, Ердоган рече:
„Нашиот народ е подготвен и денес да ја покаже истата жртва и храброст за корист на татковината, како што тоа го направи и вчера. Борбата на Вооружените сили на Турција во рамките и надвор од нашите граници поради заштита на националниот опстанок е најјасен пример за одлучноста на Турција. Одлучни сме во тоа да ги уништиме сите замки насочени против нашата земја на северот на Сирија, Ирак и Источниот Медитеран. Никогаш нема да се согласиме на одземање на правата на нашата нација и на кипарските Турци.“
Ердоган, исто така, оддаде почест на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, и посака милост од Бога за оние кои ги загубиле животите во битката.
Денот на победата се одбележува по повод последната битка против грчките сили во Думлупинар во 1922 година и е посветен на Вооружените сили на Турција.
Од 26 до 30 август 1922 година турските сили водеа битка кај Домлупинар во западната турска област Кутахја, во која инвазиската грчка Војска беше поразена. Кон крајот на 1922 година сите страни ги напуштија териториите, кои една година подоцна ќе станат новата Република Турција.