Burcu Çalık
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (AA) – Министерот за правда на Република Турција Бекир Боздаг денес во Анкара изјави дека е сосема сигурен дека сите ќелии на терористичката организација Фетулахчи/Паралелна државна структура (FETO/PDY), вклучувајќи ја и судската и цивилната бирократија, беа поврзани со обидот за воен удар кој минатата недела го изведоа припадниците на турската војска лојални на таа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
„За тоа дека припадниците на тие структури во судството, обвинителство и другите институции знаеја за обидот за воен удар сигурен сум колку што сум сигурен во тоа дека се викам Бекир, рече турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
Турскиот министер за правда Боздаг исто така рече дека е уверен дека и раководството на САД сигурно знае дека обидот за воен удар во Турција беше дело на Фетулах Ѓулен, лидерот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.
„Уверен сум дека САД знае дека обидот за пуч го изведе Фетулах Ѓулен, дека почитуваниот Барак Обама тоа го знае исто како што го знае своето име, дека тоа го знае американската разузнавачка служба и американскиот министер за надворешни работи. Во потполност сум сигурен и уверен дека ниту САД после овој час нема никакви сомнежи во тоа", рече министерот Боздаг.