Gökhan Ergöçün
10 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Вкупниот број патници на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) се зголеми за 17,8 отсто, односно 35,6 милиони патници во првата половина од 2018 година во споредба со истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот издаден денес од турската авиокомпанија, бројот на патниците на авиокомпанијата во јуни изнесувал 6,3 милиони, што е за 10,6 отсто повеќе од истиот месец претходната година.
Факторот на превезување на патниците или пополнетоста на седиштата се зголеми за 2,6 отсто, достигнувајќи 79 отсто во јуни, додека во периодот од јануари до јуни се искачи за 4,3 отсто и достигна 80,4 отсто.
Транзитниот превоз на патници во јуни се зголеми за 0,7 отсто, а во првата половина од 2018 година зголемувањето изнесува 11 отсто.
Авиокомпанијата, исто така, во првата половина има пренесено карго пошта повеќе од 660.000 тони, што е за 27,7 отсто повеќе од првата половина од 2017 година.
Минатата година бројот на патниците изнесуваше 68,6 милиони со 79,1 отсто пополнетост на местата.
Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е основана во 1933 година со флота од 5 авиони, а во моментот има речиси 330 патнички и товарни авиони.
Авионите на „Туркиш ерлајнс“ летаат до 304 дестинации, од кои 255 меѓународни и 49 домашни дестинации.