Sadık Kedir Abdu
10 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турски професор од Универзитетот во Њујорк доби награда за неговото истражување кое на децата бегалци може да им помогне да бидат подобри во училишната настава, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи во интервју за АА преку Скајп, турскиот професор Селчук Ширин, изјави дека има за цел да создаде онлајн-платформа базирана на игра, која на децата бегалци може да им помогне во нивното учење.
Тој изјави дека децата кои страдаат од емоционално нарушување поради посттрауматски стрес, имаат потреба од иновативни методи на учење.
„Развивањето платформа за учење, базирана на игри, може да биде еден од начините за едукација на таквите деца“, додаде тој.
Неговиот истражувачки тим сега работи на проект наречен „Надеж“, кој претставува онлајн-платформа што ќе им служи на 100.000 деца бегалци и на сиромашните во наредните пет години.
Се верува дека проектот „Надеж“ ќе биде ефикасен и економичен за да им обезбеди на децата бегалци да се здобијат со потребните вештини на спознавање и учење на јазикот.
Истражувачот, кој е професор по применета психологија, по нападите на 11 септември, ја напиша книгата „Муслиманско-американска младина“.
Неговата награда „Klaus J. Jacobs Award“, за истражувањето во врска со американските млади муслимани, за децата бегалци и сириските бегалци, ќе му биде врачена на 30 ноември.
Поздравувајќи ја Турција за тоа што се наоѓа во првите редови во обезбедувањето сместување на бегалците, тој се пожали дека децата ја пропуштаат наставата поради војните и конфликтите.
„Повеќето од децата бегалци немаат можност да добијат формално образование, бидејќи се принудени да ја напуштат својата земја поради граѓанската војна“, рече тој.
Турција е домаќин на околу 3,5 милиони Сиријци, повеќе од која било земја во светот.
Од почетокот на сириската граѓанска војна, Анкара има потрошено околу 25 милијарди долари за помош и засолнување на бегалците.