Rifat Yerlikaya
13 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
АНКАРА (AA) – Новинската агенција Anadolu Agency (AA) отвори изложби на фотографии во сите 81 град во Турција и на 48 локации во странство под називот „15. јули, подигнување на народната волја", а станува збор за кампањата која е организирана во рамките на одбележувањето на првата годишнина од обидот за воен удар кој во Турција го изведе терористичката организација ФЕТО.
Ширум Турција и пошироко, со седумдневни активности се одбележува годишнината од јулскиот обид за воен удар во Турција, а АА во тој контекст во сите турски градови ја отвори изложбата на фотографии кои во текот на обидот на пучот ги направија фоторепортерите на оваа агенција.
Изложбите ќе бидат отворени до крајот на неделата, а претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА Шенол Казанџи изјави дека репортерите на АА во текот на обидот за пуч и под оган го снимале и го документирале предавничкиот чин на ФЕТО.
Казанџи потсети дека АА објави и книга „ФЕТО обид за воен удар - од минута во минута", и тоа на три јазици и ја подели ширум светот за да на јавноста и се појаснат деталите од обидот за пуч во кој терористите на ФЕТО убиле 250, а раниле повеќе од 2.100 лица.
„Ги собравме извештаите на нашите репортери и објавените вести и ги објавивме во книга. Досега во Турција и ширум светот се одржани повеќе од 400 изложби на фотографии на АА за минатогодишниот обид за воен удар. Се трудевме на целиот свет да му го покажеме тој предавнички обид", рече Казанџи.
Казанџи им се заблагодари на кабинетите на гувернерите, градските и општинските власти, како и на невладините организации кои помогнале во организација на актуелните изложби во 81 турски град, и порача дека на тој начин и АА е „стражар за демократијата".