Halil İbrahim Sincar
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
МАРДИН (АА) – Турските безбедносни сили продолжуваат со кампањата за убедување на терористите на ПКК за нивно предавање на Турските вооружени сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во овој контекст, како резултат на координираните активности на полициските оддели во Мардин и Хакќари, С.Т., припадник на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, се предаде во полициската станица Нусајбин, во Мардин, претходниот ден.
С.Т. кој беше донесен во полициска станица се сретна со својата мајка и браќата.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.