Kaan Bozdoğan,Kenan Irtak
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес ја посети џамијата Аја Софија, која на 24 јули со петочната молитва, ќе биде отворена за богослужба после 86 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган од резиденцијата во Кисикли пристигна во џамијата Аја Софија.
Во џамијата остана околу еден час. Од министерот за култура, Мехмет Нури Ерсој, и гувернерот на Истанбул, Али Еркаја, доби информации за текот на активностите за отворање на џамијата.
Ердоган беше придружуван од шефот на Канцеларијата за комуникации при Претседателството на Република Турција, Фахретин Алтун, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, и претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш.