Burak Bir
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Баран терорист под кодното име „Зинар Акро“ е неутрализиран во југоисточната турска област Дијарбакир, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението Министерството објави дека терористот е идентификуван како Јусуф Кајран и дека бил еден од петтемина неутрализирани терористи во операцијата во понеделникот.
„Терористот се наоѓаше на сивата листа на барани лица од Министерството за внатрешни работи“, се додава во соопштението.
За Кајран имаше распишано награда од 300.000 турски лири (51.000 долари).
Листата на барани лица е поделена на пет категории - во црвената категорија се наоѓаат најбараните лица, потоа следува сината, зелената, портокаловта и сивата категорија на најбарани.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца. ЈПГ е сирискиот огранок на ПКК.