Ekipa
13 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
ИЗМИР (АА) - Во антитерористички операции во 25 различни области низ Турција приведени се 544 осомничени лица на терористичката група ПКК/КЏК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА, безбедносните сили денеска извршија операции насочени кон терористичката група ПКК/КЏК во 25 различни области во Турција, првенствено во Истанбул и Измир.
Во овие операции се приведени 544 осомничени лица, меѓу кои и високи челници на оваа терористичка организација, како и терористот што го обезбеди камионот-бомба што беше користен во нападот во кој беа убиени 11 полицајци во градот Џизре, од страна на терористите на ПКК.
- Тежок удар врз терористичката организација ПКК -
Во паралелните операции во Истанбул фатени се 70 осомничени лица од терористичката организација ПКК.
Тимовите на Дирекцијата за борба против тероризмот извршија истовремени операции на 104 различни локации со цел да се фатат 104 терористи за кои во рамки на истрагата е донесена одлука за притвор. Од осомничените 70 лица се приведени, а се трага по останатите 34 осомничени лица.
Во рамките на овие операции во Ајдин биле приведени 10 лица, во Бурса 19 лица, во Инеѓол 6 лица, во Гемлик едно лице, во Шанлиурфа 28 лица, во Акчакале 3 лица, во Коџаели 4 лица, во Мардин 2 лица, во Чорум 2 лица, во Анталија 12 лица, во Едерне едно лице, во Малатја 24 лица, во Мерсин 60 лица, во Хакќари 5 лица, во југоисточен област 94 лица, во Ван 11 лица, во Адана 26 лица, во Адијаман 4 лица, во Ерзинџан 26 лица, во Муш 36 лица, во Сивас 14 лица, како и во Газиантеп 45.