Güç Gönel
03 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Во обид за илегален премин од Турција во Грција, фатени се 56 мигранти од Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на крајбрежната стража на Турција во близина на турскиот град Бодрум фатија мигранти кои со гумен чамец се обидувале да дојдат до некои грчки острови.
Станува збор за државјани на Пакистан. Како што се наведува од страна на крајбрежната стража, со цел да се спречи илегалниот премин од Турција во Грција, екипите 24 часа работат на теренот.