Uğur Ulu
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
БУРСА (АА) - Во акции извршени против припадниците на терористичката организција ДЕАШ во Бурса приведени се 28 осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу приведените лица се наоѓаат и сириски државјани. Според достапните информации, припадниците на Одделот за борба против тероризмот при полициската управа на Бурса спровеле акции на подрачјето Османгази, Јилдирим и Инегол.
Претходно се лоцирани местата на кои се наоѓаат осомничените лица, а акциите паралелно се извршени во раните утрински часови.
Извршени се и претреси на домовите во кои се наоѓале. Приведените се однесени во полициската управа во Бурса заради испрашување.