Hamdi Çelikbaş
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (TSK) изведоа воздушна операција во Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак, како и во Рефахије, рурален регион во подрачјето на турскиот град Ерзинџан, при што се неутрализирани 11 оружени терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на турската Армија соопштија дека продолжуваат операциите за неутрализирање на позициите на сепаратистичката терористичка организација (ПКК) во северниот дел на Ирак, и во земјата.
Во овие рамки, во вчерашната воздушна операција на турските вооружени сили врз припадниците на сепаратистичката терористичка организација кои се подготвувале да извршат напад врз полициска станица на граничната линија, и врз базите, неутрализирани се 11 терористи, од кои шест во Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак, и петмина во подрачјето на Рефахије.
За време на воздушната операција уништени се пештери и други засолништата на припадниците на терористичката организација.