Mehmet Tosun
16 Март 2023•Ажурирај: 16 Март 2023
АНКАРА (AA) - Во турскиот главен град Анкара започна Вонредниот самит на Организацијата на туркиските држави во домаќинство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
Самитот се одржува во Претседателската палата во Анкара на тема „Управување со катастрофи - итни случаи и хуманитарна помош“.
На овој самит учествуваат претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев; , претседателот на Казахстан, Касим Џомарт Токаев, претседателот на Киргистан, Садир Џапаров, претседателот на Узбекистан, Шевкет Мирзикокев, како и претставници на земјите набљудувачи: претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, унгарскиот премиер, Виктор Орбан, и претседателот на Народниот совет на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов.
Турскиот претседател Ердоган на местото каде што се одржува самитот дојде заедно со неговиот казахстански колега Токаев.
Лидерите на влезот беа пречекани од страна на министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу.

Во просторите каде што се одржува самитот, лидерите прво го поздравија претседателот Ердоган, а потоа преминаа на заедничко фотографирање.
Исто така, на местото на самитот беа поставени знамињата на 16-те туркиски држави што се формирани во историјата и нивните војници. Лидерите потоа продолжија на вонредниот самит.
На самитот, што се одржува на предлог од Азербејџан за солидарност со Туркије, која доживеа силни земјотреси, ќе бидат разгледани прашањата поврзани со развојот на соработката во борбата против катастрофи и нивните влијанија. На самитот ќе бидат разменети мислења и за темите што се на заедничката агенда.