Halis Akyıldız
12 Јуни 2022•Ажурирај: 13 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Вкупно 1.104 нерегуларни мигранти се фатени во северозападната турска метропола Истанбул, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Полицијата ги фати мигрантите во различни делови на Истанбул“, изјави изворот кој сакаше да остане анонимен.
Тие потоа се упатени до локалните канцеларии за миграција за понатамошно процесуирање.
Туркије е клучна транзитна точка за мигрантите кои имаат за цел да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Земјата веќе е домаќин на над 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, и презема нови безбедносни мерки на своите граници за на хуман начин да спречи нов прилив на мигранти.