Merve Yıldızalp
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во рамките на операцијата „Канџа“, која продолжува во подрачјето на Хакурк, северен Ирак, во пештера запленети се оружје, муниција и средства за животни потреби, што ѝ припаѓаат на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Турција, операцијата „Канџа“, која се води во регионот на Хакурк, северен Ирак, продолжува.
Во рамките на операцијата, во пештера со 3 влеза запленети се големо количество оружје, муниција и средства за животни потреби, што ѝ припаѓаат на терористичката организација ПКК.