Serdar Açıl,İsmet Karakaş
19 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Како дел од истрагата во врска со атентатот на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, во притвор под обвинение за припадност во терористичката организација ФЕТО задржани се две лица, меѓу кои и еден полициски службеник, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата, вчера пред обвинител беа изведени полицискиот службеник Серџан Башар, бизнисменот Енес Асим Силин, адвокатот Серкан О., полицискиот службеник Хасан Т. и академскиот работник Абдулкадир С.
По изјавите пред обвинителот кој ја води истрагата, Серџан Башар и Енес Асим Силин се задржани во притвор, Серкан О. и Хасан Т. се пуштени на слобода под судски надзор, додека Абдулкадир С. е ослободен.
Утврдено е дека Серџан Башар го познавал Мевлут Мерт Алтинташ, напаѓачот на рускиот амбасадор, во периодот додека биле на полициската академија.
За потсетување, Мевлут Мерт Алтинташ на 19 декември минатата година го застрела Карлов на отворањето на изложба во Анкара, по што беше убиен во престрелка со полицијата.
Полицијата откри дека Алтинташ е поврзан со терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за државен удар во Турција, на 15 јули минатата година.