Cankut Taşdan
23 Февруари 2021•Ажурирај: 24 Февруари 2021
АНКАРА
Француска државјанка, барана од Интерпол со образложение дека е припадничка на терористичката организација ДАЕШ, приведена e од полициските екипи во турскиот град Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, екипите на разузнавачката служба за борба против тероризмот на полицискиот оддел во Анкара утврдиле дека Французинката Сара Талиб, која ја напуштила својата земја и ѝ се приклучила на терористичката организација ДАЕШ и се наоѓа на црвената листа на барани лица на Интерпол, се наоѓа во турскиот град Анкара.
Утврдено е дека Талиб се обидела да стигне до Француската амбасада за да се врати во својата земја. Во акцијата што ја презеле полициските екипи, Сара Талиб е фатена на 200 метри од Амбасадата и е приведена.
Се дознава дека Талиб, која била префрлена во Управата за борба против тероризам, по сведочењето ќе биде депортирана.