Furkan Naci Top
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АТИНА (АА) - Грчкиот суд донесе одлука на Турција да ѝ испорача тројца од војниците кои по неуспешнот обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, пребегаа во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Тројцата војници за кои се знае дека се капетани по титула, излегоа пред апелацискиот суд во Атина. Судот донесе одлука во која се наведува дека тројцата војници ќе ѝ бидат испорачани на Турција „бидејќи се обиделе да го урнат државниот поредок и поради попречување на работата на парламентот“.
По донесувањето на одлуката, беше соопштено дека ќе започнат работите поврзани со процесот на испорака на војниците пучисти на Турција.
Војниците пучисти соопштија дека ќе упатат жалба за оваа одлука до Врховниот суд на Грција.