Vakkas Doğantekin
17 Јануари 2019•Ажурирај: 17 Јануари 2019
ИЗМИР (АА) - Турската полиција приведе 10 лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО во областа Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обвинителите во Измир издадоа налози за апсење за 12 лица со различно потекло“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Потрагата по останатите 2 осомничени лица е во тек.
Осомничените се обвинети за користење на апликацијата за кодирани пораки на ФЕТО „БајЛок“ (ByLock).
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.