Mehmet Yusuf Melikoğlu
12 Февруари 2023•Ажурирај: 13 Февруари 2023
ХАТАЈ (АА) - Десетгодишното девојче Џуди спасено е од урнатините во турската област Хатај, 147 часа по земјотресите што ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.
Девојчето е повредено, а по извлекувањето е префрлено во болница.
Повеќе преживеани денес се извлечени од урнатите згради, додека спасувачките тимови од целиот свет се во трка со времето за да спасат што е можно повеќе човечки животи.
„Бројката на загинати во земјотресот на југот од Туркије се зголеми на 24.617“, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.
- Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.
Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.