АНКАРА (АА) - ОРХАН ОНУР ГЕМИЏИ/АЈКУТ КАРАДАГ - Истражните турски органи објавија извештај за делувањето на терористичката организација ФЕТО во кој се наведува дека челникот на таа организација, Фетула Ѓулен, спроведувал таканаречена „пејгамберска мисија“ со цел придобивање на поданици, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за безбедност на Република Турција, објави извештај „Иделогијата на ФЕТО“, кој настана со анализа на сите книги и предавања на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, и врз основа на истрагите што во Турција се водат против таа организација.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-те години започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, така што во 1980-те години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и во јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт на Турција.
Извештајот, кој се состои од 181 страници со текст, е подготвен од Одделот за борба против тероризмот, а во него се истакнува дека ФЕТО преку злоупотреба на верски и други чувства кај луѓето, ја ширел својата мрежа во општеството, сè додека не се откриени тајните и темните страни на таа организација.
Во Извештајот се наведува дека со одлучната борба на Турција е откриено вистинското лице на таа опасна терористичка организација, која сè потешко ги задржува своите поданици на собирите. Во тек е процесот за отстранување на сите структури на ФЕТО, којшто од економски и политички аспект, започна да се распаѓа во декември 2013 година, кога инфилтрираните припадници на таа организација во правосудните институции на Турција се обидоа да ја срушат легитимната државна власт.
Откако не успеа ниту пропагандната кампања којашто терористите на ФЕТО ги претставуваше како жртви на системот, ФЕТО со посредство на инфилтраните поданици во безбедносните сили, во јули 2016 година, се обиде да изврши државен удар во Турција. ФЕТО не успеа ни со тој брутален и предавнички чин да ја оствари целта - рушење на легитимната власт во Турција, а припадниците на таа терористичка организација пред турските правосудни органи одговараат за сите дела што ги сториле.
Во извештајот „Идеологијата на ФЕТО“, се нагласува и дека Ѓулен преку злоупотреба на верата се обидел да стекне критична маса поданици за преземање на контролата над Турција, а потоа и во другите региони од светот во кои дејствува.
Големиот проект за окупација на Турција, ФЕТО го спроведуваше под плаштот на продемократска реторика и злоупотреба на верските чувства, а целта требаше да биде спроведена со посредство на инфилтираните терористи во сите важни државни апарати на Турција. Стратегијата на ФЕТО вклучуваше и преземање на контролата над медиумите и националните интереси на Турција, а отстранети се сите што во таа организација застанале на тој пат.
Во Извештајот се наведува дека Ѓулен, преку најефикасни методи на комерцијалните техники изградил мистична харизма, а потоа кај поданиците и симпатизерите на ФЕТО е прифатен како посебно и натприродно битие. Меѓу припадниците на ФЕТО е проширена културата на апсолутно подаништво и авторитативна надмоќ на Ѓулен, кој се претставуваше како некој што може да ги реши сите проблеми и да обезбеди подобар живот за сите што безусловно го слушаат.
Исламот беше едно од средствата кои ФЕТО ги користеше и злоупотребуваше во обид за остварување на терористичките цели.
Со анализа на книгите и видео-снимките од обраќањата на Ѓулен, утврдено е дека својата цел на освојување на светот и воспоставување на нов поредок планирал да ја изврши во три етапи под назив вера, живот и шеријат.
Во првата фаза од 1970-те години до 1993 година, ФЕТО дејствувал со цел стекнување на бази во Турција. Во втората фаза таа терористичка организација се отвори кон странство и ја започна втората фаза на инфилтрирање на поданици во сите државни институции на Турција.
Третата и последна фаза започна во декември 2013 година кога Ѓулен преку инфилтрираните поданици се обиде да преземе контрола над државата, но планот пропадна со задушување на обидот за воен удар во јули 2016 година.
Со измислување на непостоечки непријатели во вид на проиранската таканаречена тајна организација „Селам-Тевхид“, Ѓулен се обиде да го прикаже ФЕТО како спасител на Турција и Турците, а потоа со посредство на инфилтрирани поданици во обвинителството и другите правосудни институции на 17 декември 2013 година да покрене голем број монтирани постапки против турски официјални лица.
Од дирекцијата за безбедност на Турција во извештајот наведуваат дека водачот на ФЕТО, Ѓулен, работел на лажно претставување на нелегалните активности на организацијата и под плаштот на наводната „пејгамберска мисија“ и со злоупотреба на верските чувства ја зајакнувал мотивацијата и чувствотона важност меѓу членовите на организацијата.
Така, членовите на ФЕТО мисијата на придобивање нови членови ја сметале за света задача без која е невозможен опстанок на светот.
Во тој процес, ФЕТО собирал биографии на луѓе во Турција и ги распоредувал во различни категории за кои развивал различни методи на врбување.
„ФЕТО во државните институции се ширел како вирус во клетка“, се наведува во извештајот.
news_share_descriptionsubscription_contact


