İlkay Güder
15 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
ДЕНИЗЛИ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во градот Денизли порача дека безбедносните сили на неговата земја без двоумење ќе ја продолжат борбата против тероризмот на Габар, на Џуди, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган им се обрати на собраните граѓани на церемонијата на заедничкото отворање на неколку завршени проекти во западниот турски град Денизли, а во оваа пригода се осврна на актуелните случувања.
Турскиот претседател уште еднаш подвлече дека неговата земја ја продолжува решителната борба против тероризмот.
„Борбата против тероризмот на Габар, на Џуди, ја продолжуваме без двоумење“, рече Ердоган.