Zeynep Rakipoğlu
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
ТЕКИРДАГ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека произведената вакцина за коронавирусот (Ковид-19) треба да биде заедничка сопственост на целото човешство, а не жртва на амбиции за профит на компаниите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган претстојуваше во западниот турски град Текирдаг каде говореше на свеченоста на отворањето на Градската болница Фехми Џумалиоглу.
Ердоган рече дека болницата во Текирдаг има вкупен капацитет од 486 кревети, од кои 102 кревети за интензивна нега.
„Градската болница Текирдаг е најразвиена интегрирана здравствена установа во регионот, вклучувајќи ја Грција и Бугарија, со 124 поликлиники, 18 операциски сали опремени според најнова технологиј, лаборатории и други карактеристики", рече Ердоган.
Турскиот претседател додаде дека болницата изградена со концептот паметна зграда, и дека во себе има 651 изолатор на земјотрес поставен на секој од носечките столбови.
„Градската болница Текирдаг Фехми Чумалиоглу ќе стане центар на нашиот регион во здравствениот туризам со својот хелиодром, велосипедска патека од еден километар и паркинг за вкупно 1.300 возила", порача Ердоган.
Тој се осврна и на вакцината против Ковид-19 напоменувајќи дека на неа не би требало да се гледа исклучиво како на можност за профит, туку да се направи да биде достапна за целото човештво.
„Произведената Ковид-19 вакцина треба да биде заедничка сопственост на целото човештво, а не жртва на амбициите за профит на компаниите", рече Ердоган.